Англискиот репрезентативец Ајван Тони го реализира својот трансфер од соништата. Во следните четири години Тони ќе го носи дресот на Ал-Ахли, а договорот му гарантира неверојатна заработка.
Тони, кој досега играше за Брентфорд, ќе добива 13 пати поголема плата. Тој ќе заработува 478.000 евра на неделно ниво, и тоа само од плата и бонуси. Дополнителни се приходите од промотивните активности и ширење на брендот.
Според пресметките, Тони за еден ден ќе заработува по 68.285,71 евра, односно по 2.845,2 евра на секој час или ако тоа се пресмета во минути, со секоја измината минута неговото банкарско салдо ќе биде побогато за 47,4 евра.
Минатата сезона Тони беше суспендиран поради обложување, но и покрај тоа, беше дел од репрезентацијата на Англија на Европското првенство во Германија.