Тони удри со јака штикла против Брајтон, падна еден од најубавите голови сезонава во Премиер лигата (Видео)

Иван Тони е стрелец на единствениот гол на премиерниот меч од 11. коло во Премиер лигата, а тоа е еден од најубавите погодоци во новата сезона во англиското првенство.

Напаѓачот на Брентфорд погоди велемајсторски со петица во 27. минута, а одбраната на Брајтон и голманот Санчес останаа збунети и без одговор за прекрасниот потег на напаѓачот на домаќините.

Тони сега е трет стрелец во Премиер лигата со 7 гола, само зад Халанд со 15 и Кејн со 8 гола.

 

- Оглас -

Најнови вести