Топ 10 најскапи фудбалери – Мбапе e на врвот… A, каде е Роналдо?

Честопати се поставувало прашањето: Кој е најдобар фудбалер во светот? А, ако е најдобар, дали е најскап, и ако е најскап, зошто е тоа така? Веб-страницата „Трансфермаркт“, која детално ги следи сите случувања во фудбалскиот свет ни помага полесно да дојдеме до одговорите на тие прашања.

За некои, одговорот е лесен и без познатата веб-страница, Лео Меси е најдобар, или пак Кристијано Роналдо. Но, „Трансфермаркт“ ги зема сите аспекти во предвид и така одредува кој фудбалер ја има најголемата вредност на пазарот. Годините на играчот, моменталната форма, заработката и колкава разлика прави на теренот се дел од карактеристиките со кои може да се одреди тоа.

Според нив, Килијан Мбапе е најскап фудбалер во светот со вредност од 200 милиони евра. Ѕвездата на ПСЖ веќе неколку сезони одржува врвна форма, што е ретко кај млад фудбалер, но тој ги има сите квалитети да стане безвременска икона на најпопуларниот спорт.

Веднаш зад него е неговиот соиграч Нејмар, со 180 милиони евра. Според потрошени средства за ангажман, Бразилецот е најскап, но бидејќи често се повредува и е вон активност, вредноста од 222 милиони евра му падна на 40 помалку. Мохамед Салах од Ливерпул вреди 150 милиони евра и е трет на оваа листа, исто толку вредат и Лионел Меси, Хари Кејн и Еден Азар.

Топ 10 сочинуваат Рахим Стерлинг (140 милиони евра), Антоан Гриезман и Кевин Де Бројне (130 милиони евра) и Садио Мане (120 милиони евра).

А, каде е Кристијано Роналдо. Португалецот има вредност од 90 милиони евра, така што не може да се најде во топ 10 листата. Евентуално според вредноста би бил меѓу 20-те најскапи фудбалери во светот.

- Оглас -

Најнови вести