Топ 10 најскапи фудбалери во светот: Мбапе на врвот и единствен со цена над 200 милиони евра

Фудбалскиот обзерваториум ја објави листата на 100-те најскапи фудбалери на светот во моментот, на која Килијан Мбапе се најде на врвот и е единствен со цена од над 200 милиони евра.

Ѕвездата на ПСЖ моментално вреди 205,6 милиони евра, следува Винисиус јуниор од Реал Мадрид со 185,3 милиони евра, а трет е Ерлинг Халанд со 152,6 милиони евра, иако неговиот трансфер во Манчестер сити изнесува само 70 милиони евра.

Топ 10 листата ја сочинуваат:

Со цена од 100 или повеќе милиони евра, се уште Лаутаро Мартинес (106,7), Џамал Мусијала (105,3), Џејдон Санчо (103,2), Мејсон Маунт (100,3) и Букајо Сака (100,2).

Дека сме влезени во нова фудбалска ера, потврдува фактот што Лионел Меси и Кристијано Роналдо не се меѓу 100-те најскапи играчи, иако сè уште командуваат на големата сцена.

- Оглас -

Најнови вести