Топ-5 лиги: Пандев не игра, Џенова се спаси од пораз, Саутемптон со гол по 180 секунди ја победи Астон Вила

Горан Пандев остана на клупата на дуелот со Емполи на кој Џенова успеа да се спаси од пораз со голот на Бјанки во 89. минута. Гостите поведоа со погодокот од пенал на Кришчито во 13. минута, а потоа Емполи со два гола за 10 минути во второто полувреме направи пресврт и поведе со 2:1.

Сепак за да избегнат пораз гостите се погрижија во финишот на мечот, кога Бјанки израмни на 2:2.

Во Англија се играше премиерниот меч од 11. коло и се беше решено по само 180 секунди игра. Саутемптон со голот на Армстронг во третата минута ја победи Астон Вила со 1:0.

Ова е петти пораз на тимот од Бирмингем во серија, а Саутемптон ја забележа трета победа во Премиерлигата.

Во Германија Мајнц и Борусија Менхенгладбах ремизираа 1:1 во меч со две различни полувремиња. Поведоа гостите со голот на Нојхаус во 36. минута, а израмни Видмер во 76. мкнута.

Изненадување се случи во Шпанија, каде Кадис го победи Атлетик во Билбао со 1:0. Салви Санчес погоди во шесттата минута и потоа немаше ниту еден гол на „Сан Мамеш“.

Во Франција Ленс убедливо со 4:0 ја победи Троа.

- Оглас -

Најнови вести