Топ-5 лигите пак се на менито на Спортска прогноза, време е за прв добитник на „ајфон 12“

Топ-5 лигите во Европа се омилената територија за прогнозерите и се очекува конечно и првиот добитник на „ајфон 12“ во 14-тото коло, што можете да го одиграте од денеска од 14 часот до сабота до 16 часот.

По квалификациските дуели за настап на Мундијалот во Катар, што беа две кола по ред на менито на Спортска прогноза, на сцената се враќаат клупските натпревари од најсилните лиги на Стариот Континент.

На менито на популарната Тринаесетка има исклучително добри натпревари, во фокусот се дуелите меѓу Лацио и Јувентус, Ливерпул против Арсенал, Фиорентина – Милан, Интер и Наполи и Лион против Марсеј, па предизвикот е голем да се направи добитна стратегија и да се освои прекрасниот мобилен телефон.

Освен добра тактика за да се погодат сите 13 натпревари во 14-тото коло ви треба уште само СЛ картичка од Sport LIfe; која како и играта, е бесплатна.

Лесно можете да ја добиете на сите обложувачки места на Sport Life и да играте за вредни награди што се доделуваат во секое коло и на крајот на сезоната и за најдобрите пет прогнозери во четвртиот циклус на Спортска прогноза.

 

- Оглас -

Најнови вести