Топ-5 лигите во Европа се познат терен за прогнозерите, време е за првиот „ајфон 12“

По паузата повторно на сцена се враќаат екипите од Топ-5 лигите во Европа, освен англиската Премиер лига, што е посебен предизвик за учесниците во 22-рото коло на Спортска прогноза прецизно да ја решат енигмата од 13 натпревари и да го освојат првиот „ајфон 12“ во четвртата сезона.

Сите 15 натпревари, односно 13 во главното мени и двата резервни пара, се од најсилните лиги на Стариот Континент, а во фокусот се дерби-натпреварите во Италија и во Шпанија.

Во популарното дерби „Дела Мадонина“, Интер утре од 18.30 часот ќе му биде домаќин на Милан на стадионот што им е заеднички на двата градски ривали, но со различно име, „Џузепе Меаца“ кога Интер е домаќин и „Сан Сиро“ кога Милан ги пречекува фудбалските гости.

Во недела на „Камп ноу“ Барселона ќе му биде домаќин на шпанскиот првак Атлетико Мадрид во дербито на 23-тото коло во Ла Лига.

Има уште многу интересни парови во 22-рото коло на бесплатната игра што ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

За наградите веќе се знае, стандардно се наградуваат и прогнозерите што ќе промашат еден или два пара со ваучери од по 1.000, односно 500 денари, а главната премија за секое коло е прекрасниот мобилен телефон „ајфон 12“ што се добива за прецизно погодена Тринаесетка.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести