Топ-7 екипите од Премиер лигата нема да играат во Лига купот

Топ-7 екипите од Премиер лигата следната сезона нема да се натпреваруваат во Лига купот на Англија, или Карабао купот како што се нарекува, известуваат англиските медиуми. Распоредот ќе биде значително згуснат во новата сезона поради нарушување на календарот во тековната сезона предизвикано од пандемијата со корона-вирусот.

По обичај, мечевите од овој Куп се играат во работна недела, што би се совпаѓало со распоредот во европските натпреварувања, а јасно е дека на премиерлигашите им е поважно да настапат на меѓународната сцена отколку да се борат за помалку важниот куп-трофеј.

Во сезоната 2020/21, групната фаза во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се одвива од октомври до декември. Секако, задоцнет ќе биде стартот и на новата сезона во англискиот шампионат, така што ќе биде речиси невозможно за најдобропласираните седум екипи да атакуваат на сите фронта.

Според моменталниот распоред на табелата, екипите што ќе отстапат од Лига купот се: Ливерпул, Манчестер сити, Лестер, Челзи, Манчестер јунајтед, Шефилд јунајтед и Вулверхемптон. Актуелен бранител на пехарот е Манчестер сити.

- Оглас -

Најнови вести