Роберт Левандовски имаше необична промоција како нов играч на Барселона, и тоа на плажа во Мајами.
Барселона е на турнеа во Америка, па го искористи моментот да го претстави Кралот на стрелците во Европа на интересен начин.
Robert, you look AMAZING in that shirt 🫠 pic.twitter.com/jMmV3KOVBr
— FC Barcelona (@FCBarcelona) July 20, 2022
Левандовски ја чинеше Барселона 45 милиони евра, а ќе треба да му плати на Баерн уште пет во бонуси ако се исполнат според клаузулата во договорот.
„Сакам да постигнувам голови и да испишам историја и со Барселона. Јас сум напаѓач и секогаш целта ми е да давам голови, нешто за што се игра фудбал и е најубавиот дел од играта“, рече Левандовски.
Ноќеска Барселона го победи Интер Мајами со 6:0, но Лева не играше. Се очекува да дебитира на 24 јули во Лас Вегас на Ел Класико против Реал Мадрид на пријателски меч.