Топ тикетите од овој викенд доаѓаат од Битола, Гостивар и Кисела Вода

Топ тикетот за овој викенд е на еден наш типувач од Битола, кој се надевал дека токму во ова коло ќе паѓаат голови на сите страни. Токму тоа и се случи, а типувачот со уплата само од 24 денари, си доби 207.701 денар, додека од вкупната добивка, бонусот изнесува 41.540 денари.

Во комбинација со конечни исходи и што повеќе голови, покрај двознаците, само Копенхаген е „чиста“ двојка, а од сите 11 парови само еден тип има помалку од два коефициент. Манчестер сити уште во првото полувреме се погрижи за типувачот да го погоди првиот пар на тикетот за останатото да оди како „подмачкано“.

СО УПЛАТА ОД 50 ДЕНАРИ, ВО КИСЕЛА ВОДА СЕ ИСПЛАТЕНИ 1.400 ЕВРА 

Втората најголема добивка за викендов е во Кисела Вода, Скопје. Само со 50 денари, типувачот стана побогат за 86,789 денари, притоа доби бонус од 17.357. Типувачот погоди 11 натпревари на кои прогнозирал дека во второто полувреме ќе има повеќе голови отколку во прво полувреме.

За негова среќа, Арсенал и Ливерпул за првпат по подолго време не се „распукаа“ со голови во првото полувреме, додека ремито од 1-1 се реши во вторите 45 минути.

ГОСТИВАР ИМА МНОГУ ФУДБАЛСКИ „МОЗОЦИ“

Во Гостивар речиси секој викенд има топ тикет. Овојпат наш редовен типувач во џебот си стави добивка од 65.967 денари со уплата само од 50 денари, додека бонусот на тикетот изнесува 5.996 денари. Од осумте погодени парови, интересна е прогнозата на мечот Рајо Валјекано – Барселона, типувачот погодил дека првото полувреме ќе заврши нерешено, а Барса во вториот дел ќе издвои победа. По првите 45 минути, резултатот беше 1-1, а Каталонците на крајот славеа со 3-2.

- Оглас -

Најнови вести