Топ засилување за Топчиите – Лајпциг му го продава Упамекано на Арсенал

Дајот Упамекано ќе биде топ-засилување за лондонските Топчии, а Лајпциг, како што информираат британските медиуми, се согласил да го продаде 21-годишниот стопер за сума од околу 40 милиони евра.

Претходно Арсенал нудеше 20 милиони евра повеќе, но Биковите од Лајпциг бараа неверојатни 80 милиони евра, колку што е отштетата според договорот што го имаат со Упамекано.

Дајот игра во Бундеслигата две сезони, а во братската размена помеѓу двата клуба чиј спонзор е Ред Бул во Лајпциг пристигна од Салцбург за сума од 9 милиони евра.

Се работи за еден од најдобрите млади играчи во Европа, а за него се заинтересирани и Манчестер јунајтед и Тотенхем. Сепак, како што објавија британските медиуми, клучот за Арсенал да ја добие битката за Упамекано е менаџерот Микел Артета, кој е голем фан на францускиот ас и успеал да го убеди во својата визија и да го привлече Дајот да се пресели во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести