14.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Топчиите без проблем го победија Брентфорд, за Арсенал играше 15-годишно момче

Арсенал лесно го победи Брентфорд во дербито на Лондон со 3:0, а стрелци беа новите засилувања, Салиба, Жезус и Вјеира.

Мечот го одбележа и настапот на 15-годишниот Итан Нванери, кој влезе во игра за Арсенал во 92. минута и е убедливо најмладиот играч што настапил за Топчиите во Премиер лигата.

Салиба прв погоди во 17. минута, а потоа во листата на стрелците се запиша и Габриел Жезус, со втор гол со глава што го постигнаа гостите во првото полувреме.

На самиот старт од второто полувреме гол постигна и Вијера, а Арсенал по победата од 3:0 е нов лидер во Англија со 18 бода по 7 кола.

 

- Оглас -

Најнови вести