Арсенал и Ливерпул играат 1:1 по првото полувреме на големото дерби во 23-то коло во Премиер лигата.
Ова е дуел на третиот на табелата и на лидерот, а првите 45 минути поминаа во многу подобра игра на Топчиите, беа поконкетни во нападот, имаа повеќе шанси, но на одмор заминуваат без предност бидејќи Ливепул со првиот шут во рамките на голот на Раја, ја затресе мрежата, односно Габриел ја смести топката со сопствената мрежа.
Агресивниот старт на Арсенал вроди со плод во 14-та минута кога Букајо Сака на најдобар можен начин го заврши контранападот.
Во последните моменти од првото полувреме, Габриел со лоша интервенција по шутот на Луис Дијас, ја смести топката со сопствената мрежа.