Арсенал стана прв клуб во историјата на Премиер лигата кој во иста сезона извојувал дури девет победи против лондонски екипи. Попладнево на „Емирејтс“ падна Кристал Палас со 4-1 и тоа е деветта победа во десеттиот меч сезонава против лондонските тимови.
Топчиите имаат осум бодови предност пред Манчестер сити, со тоа што актуелниот првак има и еден меч помалку. Арсенал е во аут од Европа, па целосно е фокусиран на домашното првенство.
Букајо Сака од Арсенал стана прв играч во Премиер лигата сезонава со двоцифрен број на голови и асистенции.
Кристал Палас и понатаму нема победа во 2023 година, и иако е 12-ти на табелата, загрозен му е опстанокот, бидејќи на 18-тиот Вест Хем му бега само три бода, а Чеканите имаат и два меча помалку.
Ова е голот на Сака за 4-1 со кој заврши голеадата:
GOAL! Arsenal 4-1 Crystal Palace (Saka) #ARSCRY pic.twitter.com/nb8PDHNXXu
— The Premier League Club (@TPLCSports) March 19, 2023