Топчиите го претставија Фабио Виејра: Отсекогаш ме воодушевувал стилот на игра на Арсенал (Видео)

Арсенал го претстави Фабио Виејра, големото летно засилување што пристигна од Порто.

Виејира има 22 години и одигра одлична сезона за трофејниот португалски клуб, што го привлече вниманието на Арсенал, кој беше најбрз и најконкретен во трката со уште неколку клубови за ангажман на офанзивниот играч за врска.

Фабио го одбра дресот со број 21, а изјави дека е пресреќен што ќе игра за Топчиите од Лондон.

„Отсекогаш ме воодушевуваше стилот на игра на Арсенал. Среќен сум што сум дел од еден фудбалски гигант и се надевам дека ќе придонесам за добри резултати и дека ќе освојуваме пехари“, изјави 22-годишниот Португалец.

 

- Оглас -

Најнови вести