Топчиите „грмат“ во Барнли, само на „Сент Џејмс парк“ нема гол по првото полувреме (Видео)

Фудбалерите на Арсенал имаат сигурно водство од 0:2 на гостувањето кај Барнли по првото полувреме од 25-тото коло во Премиер лигата.

Арсенал фаворитската улога во дуелот со Барнли ја оправда во првото полувреме благодарение на голот на Мартин Одегард во четвртата минута.

Во финишот на првиот дел, Букајо Сака од белата точка зголеми на 0:2.

 

Вториот меч на кој се тресеше мрежата по првото полувреме во премиерлигашките дуели се игра на „Крејвен котиџ“ во Лондон каде Астон вила со голот на Оли Воткинс води со 0:1 против Фулам.

 

Во последните моменти од првиот дел, Вулверхамптон со голот на Гомес води со 0:1 на гости кај Тотенхем, а минимална предност има и Нотингам форест против Вест хем.

Единствен натпревар на кој нема голови по првото полувреме е тој што се игра на „Сент Џејмс парк“ меѓу Њукасл и Борнмут.

- Оглас -

Најнови вести