Арсенал официјално го објави назначувањето на Андреа Берта за нов спортски директор на клубот. Поранешниот шеф на Атлетико Мадрид доаѓа на местото на Еду Гаспар, кој изненадувачки реши да напушти во ноември минатата година. 53-годишниот Италијанец на самиот почеток ќе има доста работа, бидејќи се очекува сериозна активност о Топчиите на трансферниот пазар ова лето.
Сигурно голем приоритет е привлекувањето на нов квалитетен централен напаѓач.
We are delighted to announce that Andrea Berta is joining the club as Sporting Director.
— Arsenal (@Arsenal) March 30, 2025
Full details below👇
Берта има огромна репутација, а тој е заслужен за привлекувањето на играчи како Антоан Гризман, Јан Облак и Родри, кои подоцна станаа големи ѕвезди.
Италијанецот работеше во Атлетико повеќе од 12 години. Тој го напушти клубот во јануари.
„Возбуден сум што ќе се приклучам на Арсенал во едно исклучително возбудливо време за клубот. Следев со голем интерес како се развива Арсенал во последните години и се восхитував на напорната работа која беше вложена за обнова на клубот како главна сила во европскиот фудбал со страствени следбеници низ целиот свет. Клубот има одлични вредности и богата историја, и се радувам да ја изиграм својата улога во обликувањето на успешно идно со одличен тим. Не можам да чекам да започнам во новата улога и навистина се радувам да го искусам мојот прв натпревар на стадионот „Емирати“ заедно со нашите навивачи”, изјави Берта за сајтот на Арсенал.