Топчиите ќе се лутат: Адебајор потпишува со Астон вила?

Вест која на фановите на Арсенал нема да им се допадне. Емануел Адебајор се наоѓа пред враќање во Премиер лигата. Еден од најомразените фудбалери кои воопшто играле во англиското првенство наводно е блиску до потпис со Астон вила, соработка која би траела до крајот на сезоната доколку се оствари.

Новакот во елитата скапо ја плати победата над Барнли во претходното коло, откако се повреди скапото засилување Весли. Напаѓачот ќе го пропушти остатокот од сезоната, па затоа Адебајор се најде во прв план како зимско засилување.

Адебајор моментално е слободен бидејќи му истече договорот со турскиот прволигаш Кајсериспор кон крајот на минатата година, што значи дека е евтино решение за Вила. Доколку потписот се реализира, Адебајор ќе има прилика да се соочи со поранешниот клуб во претпоследното коло од сезоната.

Пред авантурата во Турција, Тогоанецот играше уште за Манчестер сити, Тотенхем и Кристал палас, а беше и на позајмица во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести