Топчиите подобри пеналџии, Брустер трагичар за шампионите (видео)

Арсенал го освои 16-от трофеј во Комјунити шилд, или англискиот Суперкуп, во пенал рулетот против Ливерпул/Арсенал. За освојувачот на ФА купот сезоната тргна со пехар откако на „Вембли“ не можеше да се издвои победник во 90 минути при резултат од 1-1.

Младиот Брустер промаши за Ливерпул во третата серија, неговиот удар беше единствен нереализиран пенал во рулетот, што беше доволно за Арсенал да слави со 5-4.

Обамејанг во 13-тата минута ја отвори средбата со фантастичен шут од работ на шестнаесетникот, испрати технички и силен удар кој Алисон не можеше да го скроти. Долго време Црвените трагаа по израмнувачки погодок, го добија во 76-тата минута преку Минамино.

За тимот на Микел Артета е од голема важност освојување на овој трофеј во пресрет на стартот на новата сезона во Премиер лигата, која почнува на 12 септември.

- Оглас -

Најнови вести