Топчиите распукаа на стартот од сезоната во Премиер лигата (Видео)

Арсенал победнички го започна новото првенство во Премиер лигата откако со 2:0 славеше на гости кај Кристал Палас во дуелот на двата лондонски тима. Само 20 минути беше доволно за да биде постигнат првиот погодок во новата сезона и тоа е дело на Мартинели, кој одлично реагираше со глава по повратната топка од Зинченко.

Во второто полувреме, Кристал Палас се обиде да израмни, но домаќините наместо д ја затресат мрежата на гостите, си постигнаа автогол. Во 85 минута, Сака продре, центрираше, а домашниот дефанзивец Гуехи со глава несмасно реагираше и си постигна автогол.

- Оглас -

Најнови вести