1010 Вулверхемптон – Барнли (20.30 часот)
Вулверхемптон по двата меча на гости на кои загуби од Арсенал (2:1) и Фулам (3:2), се враќа на својот стадион „Молино“, каде што ќе бара излез од лошата мини-серија. Барнли пак во саботата го торпедира Шефилд јунајтед со 5:0, со што ја прекина серијата од шест порази во низа. Натпреварите на Волците се ефикасни, дури на последните 15 меча постигна гол, а последен натпревар на кој не ја тресеше мрежата беше во август, и тоа против Манчестер јунајтед (1:0). И на натпреварите на Барнли има голови, последен пат меч со помалку од два гола бил во септември, исто така против Манчестер јунајтед (1:0).
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)
3040 Лацио – Џенова (21.00 часот)
Ова е натпревар од осминафиналето на италијанскиот Куп, прв за Лацијалите, а трет за Џенова, која претходно славеше над нисколигашите Модена (4:3) и Реџина (2:1). Лацио во Серија А не игра според очекувањата на своите навивачи, екипата е деветта на табелата дури со 15 бода помалку од лидерот Интер, но вечерва има шанса со победа да си „купи“ мир. Но, домаќинот мора биде внимателен бидејќи загуби од Џенова на последниот меѓусебен дуел кој се одигра сезонава (0:1). Пред поразот, Лацио беше во серија од три победи над Џенова и вечерва се очекува нов триумф.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.25)
1174 Лутон – Арсенал (21.15 часот)
Арсенал на најдобар начин го искористи ремито на Манчестер сити, го победи Вулверхемптон и сега е лидер на табелата со два бода предност пред Ливерпул. Топчиите вечерва имаат одлични шанси да преноќат со пет бода предност пред Црвените, тие се големи фаворити за победа на гостувањето кај Лутон, кој во саботата загуби од Брентфорд со 3:1. Топчиите треба сериозно да го сфатат овој дуел бидејќи Лутон пред своите гледачи точно пред еден месец одигра 1:1 против Ливерпул. Последен пат овие два тима играле меѓу себе во далечната 1991 година и Лутон славел.
Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.13)
1241 Рос каунти – Мадервел (21.00 часот)
Рос каунти победи над Сент Мирен по девет меча без победа во шкотската Премиер лига. Мадервел пак дури 11 меча е без победа во првенството, но сепак е фаворит на вечерашниот дуел. Причина за оптимизмот кај навивачите на Мадервел е тоа што нивните фудбалери на последните шест меѓусебни дуела немаат пораз, четирипати победија и двапати одиграа нерешено. Минатата сезона Мадервел славеше на двата меча кои ги играше на гости.
Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.91)
1901 Тирол – Рапид Виена (19.00 часот)
Тирол е претпоследен на табелата во австриската Бундеслига само со осум освоени бода на 15 натпревари, но во просек постигнува еден гол и прима два на секој меч. Рапид Виена се наоѓа на средина од табелата и има спротивен просек, дава речиси два гола, а прима по еден на натпревар. Овие два тима досега одиграле 14 меѓусебни дуела и на сите имало два или повеќе голови.
Предлог тип: ГГ & 1+ I & 1+ II (1.96)