Топчиите се махери за малите градски дербија (видео)

Арсенал има максимален учинок по две кола во Премиер лигата откако вечерва триумфираше со 2-1 против Вест хем. Топчиите го добија и второто мало градско дерби кое го одиграа оваа сезона, откако во премиерното коло ги освоија бодовите против Фулам.

Лаказет ја отвори средбата на „Емирати“ во 25-тата минута откако со глава ја затресе мрежата на гостите по одличното проигрување од Обамејанг. Иако се чинеше дека Арсенал на паузата ќе замине со минимална предност, Антонио го анулираше резултатот во 45-тата минута.

https://streamable.com/0bblnt

Чеканите имаа неколку шанси да приредат изненадување, меѓу кои и обидот на Антонио во 67-та минута кој заврши во гредата од голот на Лено. Неивесноста траеше до 86-тата минута, кога домаќините организираа успешна акција, а Себалјос му намести победнички гол на младиот Нкетијах.

- Оглас -

Најнови вести