Фудбалерите на Арсенал славеа со 3:1 во дербито на 23-тото коло од Премиер лигата против Ливерпул и им се приближија на само два бода на табелата. Арсенал сега има 49 бода и е втор на табелата, додека Ливерпул има 51, а Манчестер сити е трет со 46 бода и два меча помалку.
Топчиите одлично го започнаа натпреварот, беа подобар противник во првото полувреме и постигнаа два гола, но за нивна несреќа, еден беше автогол.
Букајо Сака во 14-та минута го отвори резултатот, а во последните моменти од првото полувреме, Мартинели си ја затресе сопствената мрежа.
Во вториот дуел, Ливерпул заигра подобро, но идентично на Арсенал во првиот дел, во моментите кога беше подобар тим на „Емирати“, кикс направи голманот Алисон, по што Габриел Мартинели немаше проблеми во 67-та минута да ја смести топката во празниот гол на Црвените.
Во судиското продолжение, Арсенал ја искористи предноста од играч повеќе по исклучувањето на Конате и преку Тросар постигна уште еден гол за убедлив триумф.