Топката од последното финале во ЛШ продадена за 27.900 евра

Топката со која Реал Мадрид и Ливерпул играа во последното финале во Лигата на шампионите, е продадена на аукција за 27.900 евра.

Средствата ќе завршат во агенцијата за бегалци на Обединетите нации, по што ќе се донираат за бегалците и жртвите од војната во Украина.

Овој модел на „Адидас“ е посебен од останатите топки, бидејќи на неа пишува „мир“ на кирилица, а под тој збор е англискиот превод „peace“.

За потсетување, последното финале во ЛШ се играше во Париз на стадионот „Франција“ на 28 мај, откако на Санкт Петербург му беше одземено домаќинството поради руската инвазија врз Украина.

- Оглас -

Најнови вести