Во италијанската Серија А се одиграа само две кола од новата сезона, а веќе е видено најголемото промашување. Торино и Фиорентина одиграа без голови, а гостите се тие кои повеќе треба да жалат што не ги освоија трите бода.
Се играше 72-рата минута кога напаѓачот на Фиорентина, Мосес Кејн, буквално ја скрати радоста на Виолетовите. По еден центаршут, Госенс шутираше со глава, голманот на Торино веќе беше матиран и топката одеше во празната мрежа.
Сепак, наместо во голот, топката заврши над пречката откако се појави Кејн, кој сакајќи да го потврди голот, ја удри топката со глава, а таа заврши над голот. Промашувањето на Кејн беше буквално од помалку од еден метар.
Неверојатната ситуација може да ја видите ТУКА.