Топката со која Роналдо даде три гола, заврши кај младата резерва на Јунајтед

Кристијано Роналдо денеска го направи 60-тиот хет-трик во кариерата, со тоа е рекордер меѓу активните фудбалери, втор е Лионел Меси со 55.

После трите гола против Норвич, Португалецот топката со која ги постигна головите му ја подаро на младиот Алехандро Гарначо, кој првпат беше во составот на Црвените ѓаволи на премиерлигашки меч, но не влезе во игра.

Аргентинецот Гарначо му се заблагодари на Роналдо и го нарече најдобар на сите времиња. На ова доби коментар од Серхио Агеро, на шега кој му порача дека Гарначо мисли дека Роналдо е најдобар, затоа што уште не заиграл со Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести