Топлото време повторно им прави големи проблеми на тенисерите на Отвореното првенство на Австралија и веќе еден играч го предаде мечот.
Францускиот тенисер Теренс Атмане, кој првпат игра на Отвореното првенство на Австралија, при резултат 7:5,2:6,4:6 за Данил Медведев, со солзи во очите го предаде мечот поради проблемите со грчеви предизвикани од жешкото време и тешките услови за игра.
https://twitter.com/i/status/1746744032980586607
На проблеми поради тешките услови се пожали и Данил Медведев, кој пред почетокот на третиот сет побара ладна вода. Откако луѓето задолжени за тоа не реагираа, тенисерот му се пожали на судијата велејќи му дека не бара „ладно пиво“ туку обична вода. Видеото од оваа ситуација може да го погледнете ТУКА.
Настапот на Отвореното првенство во Австралија уште во првото коло заврши за гранслем-шампионите Енди Мареј и Наоми Осака.
Мареј е поразен од Томас Ечевери во три сета, и тоа со 6:4,6:2,6:2.
Кај дамите, Наоми Осака по враќањето на терените откако стана мајка, загуби од Каролин Гарсија со 6:4,7:6.
Пламсан во второто коло обезбедија Бен Шелтон, кој со 3-0 во сетови го совлада Роберто Баутиста Агут, Стефанос Циципас, кој беше подобар од Бергс во четири сета, Гаел Монфилс, кој го победи Ханфман, како и Хуберт Хуркач и Феликс Оже-Алијасим, кој во пет сета беше подобар од Доминик Тим.
Во женска конкуренција првата пречка во Мелбурн успешно ја минаа Елина Свитолина, Кого Гоф, Лаури Зигемнунд, Анастасија Пављученкова, Онс Жабер, Паула Бадоса.