Јувентус и Рома утре во Торино ќе го играат дербито на колото во Серија А, а во центарот на вниманието кај фановите и јавноста е Пауло Дибала кој летово Старата дама ја смени за Волчицата.
Дибала објави соопштение во кое вели дека сака да ги израдува своите нови навивачи, а тренерот Жозе Мурињо изјави дека Дибала веќе не е дете, и дека има искуство за да се справи со емотивната ситуација.
Екипата на Рома попладнево пристигна во Торино, а Дибала доби аплаузи од собраните навивачи на Рома, но и на Јувентус:
https://twitter.com/i/status/1563208360614588418