Топол пречек за новата ѕвезда на Минесота (видео)

Размената меѓу Минесота и Голден стејт во последниот ден од рокот за трејдови во НБА лигата е меѓу повлијателните. Во редовите на Волците се приклучи Д‘анџело Расел, додека Воин стана Ендру Вигинс.

Расел важи за одличен шутер и би требало да донесе свежина во франшизата на Минесота која има план да атакува на пласман во разигрувањата следната сезона, а колку неговиот ангажман му значи на самиот тим покажа една од ѕвездите Карл Ентони – Таунс.

При пристигнувањето на Расел во Минесота, Таунс на аеродром се појави со дрес на кој стои бројот 0 и презимето на новиот играч. Топол пречек му приредија и неколку фанови, кои добро ги познаваат квалитетите на поранешниот плејмејкер на ЛА лејкерс.

Минесота оваа сезона има катастрофален биланс по 50 меча со 15 победи и 35 порази, што значи дека немаат никакви шанси за пласман во плејофот.

https://twitter.com/DefPenHoops/status/1225808560061173761

- Оглас -

Најнови вести