Реал Мадрид со многу мака и со гол во 93-та минута славеше со 1-0 против Атлетик Билбао во дербито на шпанската Ла Лига.
Кралскиот клуб создаде доста шанси против цврстите Баскијци, на Реал му беше и поништен еден гол во 80-та минута, но на крај сепак момците во бели дресови успеаја да го најдат патот до мрежата и тоа со силен шут на Уругваецот Федерико Валверде (негов деветти погодок сезонава, а вкупно 30-ти во дресот на Реал).
Ова е голот на Валверде со кој се спречи црна серија на Реал од четири меча по ред без победа дома:
⚽️ GOAL: Valverde
🇪🇸 Real Madrid 1-0 Athletic Clubpic.twitter.com/lW08lbZGX7— Goals Xtra (@GoalsXtra) April 20, 2025