На еден ден до завршувањето на рокот за типување за 23-тото коло на бесплатната Спортска прогноза сезонава, процентите на оние што веќе се изјасниле најавуваат кои тимови се фаворити на мнозинството играчи.
Ова коло го отвораат Парма и Торино утре од 15 часот и тоа е последнинот рок до кој може да се вклучите со прогнози.
Многу повеќе играчи на Спортската прогноза веруваат во триумф на Торино отколку во победа на Парма, а околу една третина типуваат на нерешено. Најголеми фаворити на мнозинството прогнозери се Виљареал против Алавес и Тотенхем против Борнмут.
В недела има две дербија, едно во Манчестер, друго во Торино. Манчестер јунајтед го пречекува Арсенал, а засега само 15% од играчите типувале кец на Јунајтед, додека 61,5% веруваат во победа на Арсенал. За средбата на Јувентус и Аталанта, 57,7 отсто играчи сметаат дека Јуве ќе победи. Ако Старата дама освои три бода, ќе се израмни по бројот на бодови со Божицата од Бергамо, која е трета на табелата во Серија А.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари од основната понуда (резервните парови се сметаат само за генерален пласман), ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.