3134 Партизан – Црвена ѕвезда (18.30 часот)
Ѕвезда веќе е првак на Србија, а со победа во вечното дерби ќе оди на неверојатни повеќе од 30 бода разлика предност пред лутиот ривал. За Партизан поразот би бил проблематичен бидејќи така може да остане без излез во европските купови. Овој меч ќе се игра без публика на трибините. Сите параметри се на страна на гостите, но во вакви дербија решава и мотивацијата. Партизан од 2019 година нема лигашка победа над Ѕвезда, но Црвено-белите на гостување кај Црно-белите не триумфирале уште од 2016 година.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.82)
1304 Атлетико – Мајорка (19.30 часот)
Налетот на Атлетико беше запрен викендов од Барселона, па Јорганџиите ќе пробаат пак да почнат победничка серија. Мајорка има 20 бода помалку од Атлетико, но во добра форма се, во последните четири кола освоија осум бода (две победи и две ремија). Мајорка има дадено 29 гола на 30 меча, а Атлетико прими 22 гола. Кај домашните ќе го нема суспендираниот Савиќ. Интересно е дека последните три меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со победи на Мајорка.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.85)
1005 Вест хем – Ливерпул (20.45 часот)
Чеканите се борат за опстанок, со двете победи во последните три кола се блиску до задржување на премиерлигашкиот статус, а и Црвените се во добра форма, пробуваат со серија победи да обезбедат место во европските купови, теоретски дофатлива им е дури и Лигата на шампионите, но мора да победуваат, реми не им помага многу. Ливерпул има серија од три меча со 4+ гола, а Вест хем две кола по ред игра мечеви со 4 гола. Последните две гостувања на Ливерпул кај Вест хем беа со ГГ и 3+.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.92)
1009 Манчестер сити – Арсенал (21.00 часот)
Арсенал има три ремија по ред, а во мечот на сезоната би биле задоволни со бод. Манчестер сити гази во последно време, а со победа над Топчиите би дошол на два бода негатива со тоа што Граѓаните имаат и два меча помалку. Ова се двата убедливо најефикасни тимови во Премиер лигата, а Арсенал, кој редовно прима гол(ови), мора да игра подобро во одбрана ако сака титула. Сити го победи Арсенал и есеноска, кога Топчиите беа во топ форма, сега на хартија треба да им биде полесно на Граѓаните. Арсенал во 2016 година за последен пат си замина непоразен од „Етихад“.
Предлог тип: 1 & 3+ (2.09)
1310 Рајо Ваљекано – Барселона (22.00 часот)
Барса му нема дадено гол на Рајо откако Чави е тренер на Каталонците и ова е предизвик за гостите барем еднаш да го совладаат Димитриевски. Кај Барселона ќе го нема капитенот Бускетс. Барса четири кола по ред во Ла Лига нема примено гол. На Рајо последните пет меча дома му беа со даден и примен гол. Барселона сака што побрзо да ја обезбеди титулата, ова е тест и за Рајо против најцврстата одбрана во Европа.
Предлог тип: Х2 & 0-2 (2.09)