УФЦ шампионот Илија Топурија не планира да има реванш против Александар Волкановски.
Топурија го нокаутира Волкановски во нивната прва борба за титула во перолесна категорија, а подоцна се префрли во лесна категорија, па Австралиецот со македонско потекло ја врати титулата со победа над Диего Лопес.
„Алекс е толку добар човек. Доколку УФЦ ме замолеше, ќе му дадев реванш од почит кон него како личност. Но, за мене време е да продолжам понатаму. Не мислам дека нашите патишта некогаш повторно ќе се вкрстат“, рече Топурија.
На 29 јуни Топурија ќе се бори против Чарлс Оливеира на настанот за титулата во лесна категорија на УФЦ 317.