Грузиско-шпанскиот УФЦ борец Илија Топурија, е фаворит за победа против Бразилецот Чарлс Оливеира во борбата за титулата во лесна категорија која ќе се одржи утре рано изутрина на УФЦ 317 настанот во Лас Вегас.
Топурија и Оливеира ќе се борат за шампионскиот појас кој го држи Ислам Махачев, но реши да не се бори и со тоа го отстапи. Топурија е шампион и во перолесна категорија, па може да испише историја.
На мерењето, тие имаа интересна конверзација.
Топурија: „Знаеш, меѓу нас има само почит. Само треба да докажам дека сум најдобар. Извини, не сакав ова да биде против тебе“.
Оливеира: „Не грижи се, ќе биде одлична борба“.
Топурија: „Секако, веќе победив. Победата е моја“, самоуверен е Илија.
Топурија во кариерата 16 борби и ги добил сите 16. Оливеира има добиено 35 од 45 борби.