Откако стана десеттиот борец кој ги споил титулите во перолесна и лесна категорија во ултимејт фајт, Илија Топурија рече дека најтешка борба во кариерата му била таа со Александар Волкановски во битката за титула во перолесна.
Топурија нема пораз во 17-те борби во кариерата. Рано утрово го нокаутираше Чарлс Оливеира со нокаут после само 2,27 минути борба и стана првак во лесна категорија.
„Не се чувствувам непобедлив, па затоа вложувам толку многу труд. Знам дека сум победлив и затоа тренирам и се напрегам толку напорно секој ден. Неверојатно е. Не можам да го опишам со зборови чуството да победувам момци како Волкановски, Халовеј или Оливеира. Никој на светот не може да го каже тоа. Можеби мислите дека сум луд, но сакам да докажам дека сум најдобриот борец во светот. Од трите нокаути, би го ставил против Волкановски на прво место. Тој ми беше најсилен противник. Нема веќе да се борам со него, дури и ако одлучи да премине во лесна категорија“, рече Грузиецот со шпански пасош кој сака во наредната 2026 година да има борба на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид.