Топурија оптимист пред битката со Волкановски: Мојата победа е неизбежна

Вербалните провокации се нешто најнормално пред битките во боречките спортови, викендов во центарот на вниманието ќе биде дуелот на Александар Волкановски и Илија Топурија за титула во УФЦ во перолесна категорија.

Нашинецот го брани шампионскиот појас, а грузискиот Шпанец ќе проба да го симне Австралиецот од тронот и возврати на заканите на Волкановски, кој е непоразен во перолесна категорија.

„Знам дека мојата победа против Волкановски е неизбежна. Тој е голем шампион, но ова е мојот момент“, изјави Топурија, кој направи уште една провокација на профилот на „Инстаграм“ и покрај сликата додаде опис дека е шампион во перолесна категорија.

Волкановски е актуелен шампион, во својата категорија е непоразен, има повеќе искуство од Топурија, а Илија имаше повеќе време да се подготви и затоа квотите во Sport Life за победник на овој спектакл во американскиот град Анахајм се изедначени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести