Топурија си се храбри дека ќе победи, веднаш дојде жесток одговор од Волкановски

Шпанскиот ММА борец со грузиско потекло, Илија Топурија, верува дека ќе го победи Александар Волкановски во средината на февруари, за кога е закажана битката за титула во перолесна категорија.

Има уште три месеца до спектаклот во Лос Анџелес, а Топурија е фокусиран на таа пресметка со македонскиот Австралиец.

„Тоа ќе биде една од најтешките борби во мојата кариера. Тренирам напорно, максимално се подготвувам. Се гледам себеси како победник во таа битка. Би ми се исполнил сонот да станам најдобар борец на светот. Уште долги три месеци се пред мене, со Божја помош, ако е сè како што треба, ќе излезам како победник“, оптимист е Топурија.

Волкановски е актуелен првак и нема ниту еден пораз во перолесна категорија. Тој веднаш му одговори на Илија.

„Некој сака да го посрамотам. Премногу се возбудува. Ќе му направам услуга на целиот свет, ќе мора да го растурам. Тој мисли дека веќе е крал, а уште нема пливано со ајкули. Откако ќе пливаш со ајкули, тогаш може да одиш на мегдан со мегалодон“, рече Волкановски како одговор на заканите на Топурија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести