Шпанија води 1-0 против Албанија, а нема голови на дуелот на Хрватска и Италија. Ако резултатите останат вакви и на крај, Албанија испаѓа, а пласман во осминафиналето обезбедуваат Италија и Англија, додека Хрватите се речиси во аут, и ќе се надеваат на чудо.
Ако Италија остане втора во својата група, во осминафиналето ќе игра со Швајцарија.
Италијанецот Џиџи Донарума стана прв голман во историјата на европските првенства кој на возраст од 25 години имал десет настапи на ЕП. Неговиот колега Доминик Ливаковиќ имаше одлична одбрана, и спречи водство на Аѕурите кои добро се бранат против Хрватска, но опасни се во напад.