23.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Торес плачеше по мечот со Наполи – Легендите на Барса го бодреа на сите начини (ФОТО+ВИДЕО)

Барселона и Наполи одиграа 1:1 во првиот шеснаесетфинален натпревар од Лигата на Европа.

Како што е добро познато, гостите поведоа по фантастичниот потег на Елиф Елмас и голот на Пјотр Зјелински во 29-тата минута, додека домаќините израмнија преку Феран Торес во 59-тата минута, кој успешно го реализира пеналот.

Сепак, токму Торес по крајот на натпреварот не можеше да ги додржи солзите поради тоа што промаши неколку огромни шанси, од која една беше пред самиот гол на Наполи, кога со голманот на противничкиот тим излезе еден на еден и не успеа да реализира.

Чави по крајот на средбата му даде поддршка на младиот фудбалер: „Верувам во него и оваа ситуација ме потсетува кога Луис Суарес дојде во Барселона. Верувам дека Торес ќе даде уште многу голови за овој тим“, изјави Чави.

Карлес Пујол, пак, на својот твитер-профил го означи Торес и напиша дека тоа ќе биде фудбалер којшто ќе ѝ донесе големи радости на Барселона.

- Оглас -

Најнови вести