Торес преставен како нов играч на Барселона, сега вреди милијарда евра!

Шпанскиот напаѓач Феран Торес и официјално е нов играч на Барселона. Торес вчера ги помина лекарските прегледи во Барселона, но поради проблеми со документацијата, трансферот беше реализиран денеска.

Талентираниот 21-годишен напаѓач, на „Камп ноу“ доаѓа за трансфер вреден 55 милиони евра, пари кои ќе завршат на сметката на Манчестер сити. Договорот на Торес е до јуни 2027 година.

Во новиот договор, откупната клаузула на Торес изнесува неверојатни една милијарда евра. Исти клаузули имаат само уште Педри и Ансу Фати, што едноставно значи дека овие тројца млади фудбалери нема шанси да бидат продадени и треба да бидат иднината на клубот.

Барселона на 2 јануари ќе игра против Мајорка, но не се очекува Торес да дебитира за новиот клуб во првиот дуел од новата 2022 година.

- Оглас -

Најнови вести