Торино е безопасен кога гостува на „Џузепе Меаца“

1007 Евертон – Њукасл (18.30 часот)

Овие два тима се во спротивна ситуација, Карамелите после четирите порази во првите четири кола, се разбудија и освоија четири бода во последните две кола, а Чавките освоија само еден бод на последните два меча откако претходно освоија 10 бода во четири меча. Евертон ја има втората најлоша одбрана во Премиер лигата, прима во просек по 2,5 голови на меч, дури и кога победи прими гол. Њукасл е екипа која редовно и дава и прима гол.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (1.91)

 

1703 Лил – Тулуз (19.00 часот)

После големата победа над Реал Мадрид, Лил ако игра повторно така, не би требало да има проблем со Тулуз, но прашање е колку домашните ќе бидат мотивирани за овој меч. Тулуз има дадено само 5 гола на шест меча, има два порази по ред и три во последните четири кола. Во минатата сезона, Лил не успеа да го победи Тулуз, но сега би било изненадување ако гостите останат непоразени.

Предлог тип: 1 & 2-3 (3.65)

 

5604 Ал Ахли – Ал Хилал (20.00 часот)

Ова е сериозен тест за првакот и моментен лидер на табелата во Саудиска Арабија, Ал-Хилал, иако Ал-Ахли бележи послаби резултати од тие кои се очекуваат од нив со оглед на ѕвездениот состав кој го имаат. Ал-Хилал по пет кола има максимални 15 бодови, и против кого и да игра е фаворит. Во минатата сезона Ал-Хилал двапати го победуваше Ал-Ахли во мечеви со 3+ голови и тресење на двете мрежи. Последен пат кога не било „гол-гол“ на нивните пресметки беше во 2021 година.

Предлог тип: 2 & 3+ (2.18)

 

3005 Интер – Торино (20.45 часот)

Ако се погледне табелата во Серија А, ова е дерби на колото, Интер и Торино имаат ист број бодови во моментов. Биковите во минатото коло го претрпеа првиот пораз, а сега треба да му гостуваат на актуелниот првак кој има поефикасен напад и подобра одбрана од нив. Кај домашните ќе го нема Барела. Торино нема гостински пораз сезонава, но на гостувањата кај Интер нема дадено гол уште од ноември 2020 година.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.17)

 

1306 Реал Мадрид – Вилјареал (21.00 часот)

Фановите на Реал чекаат реакција од тимот после бледата игра и поразот од Лил, а Вилјареал е опасен кога нема што да загуби.  Жолтата подморница е трета, има само еден бод помалку од Реал, тоа се тимови со ист број постигнати голови, а и традицијата на меѓусебните пресметки најавува интересен дуел (на претходните два нивни мечеви во Мадрид паднаа вкупно 10 голови). Гостите се без главните стрелци Ајозе Перез и Џерард Морено. Вилјареал нема пораз на гости сезонава, а Реал дома реди само победи.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.74)

- Оглас -

Најнови вести