Торино гостува на својот омилен стадион, Пиоли дебитира против Џерард

5636 Ал Етифак – Ал Наср (20.00 часот)

Кристијано Роналдо го пропушти гостувањето во Ирак пред некој ден и не играше во азиската ЛШ, но вечерва треба да биде во составот на Ал-Наср против екипата која ја води Стивен Џерард и има три победи во три кола. Ова треба да биде деби за Стефано Пиоли како нов тренер на Ал-Наср, па мотивите за докажување пред новиот шеф ќе бидат големи кај гостите. Ал-Наср и да победи вечерва, пак ќе остане под Ал-Етифак на табелата.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.78)

 

1801 Аугсбург – Мајнц (20.30 часот)

Аугсбург има четири, а Мајнц два бода по првите три кола сезонава во Бундеслигата, па победата им е потребна на двата тима и ќе треба да играат офанзивно. Сите три меча на Аугсбург досега сезонава беа со 4 гола, а Мајнц секогаш и даваше и примаше гол. Домашните се благи фаворити, но Мајнц на првото гостување сезонава даде три гола против Штутгарт. Традицијата на нивните дуели во Аугсбург вели дека мечот ќе заврши со резултат 2-1 или 1-2, како четири од последните пет нивни пресметки.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.95)

 

3002 Верона – Торино (20.45 часот)

Верона и Торино имаат солиден старт на сезоната, во досегашните четири кола победуваа по двапати. Биковите од Торино уште не знаат за пораз, додека Верона уште нема нерешен резултат. На мечевите на Верона паѓаа два до три гола. Ова се два непредвидливи тимови, а интересно е дека традицијата на меѓусебните дуели најавува победа на гостите. Торино има низа од три победи по ред на стадионот „Бентегоди“, Верона дома не славела против Торо уште од 2018 година.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.35)

 

1267 Мадервел – Данди јунајтед (20.45 часот)

Ова е четвртфинале на шкотскиот Лига куп, а за нас е интересно затоа што во двата тима има македонски фудбалери. За Мадервел игра Давор Здравковски, додека дресот на Данди јунајтед го носат Давид Бабунски и Кристијан Трапановски. Минатиот викенд двата тима беа поразени во шкотската Премиер лига и ова им е прилика да се вратат на победничките патеки на кои беа претходно.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.20)

 

1303 Алавес – Севилја (21.00 часот)

Севилја дури во петтото коло ја извојува првата победа сезонава во Ла Лига и  откако го разбија малерот, нема да биде изненадување ако врзат и два триумфи по ред. Севилја има проблем со ефикасноста, постигнаа само четири гола во пет меча. Алавес е тим кој дома ретко губи и тешко прима голови, сезонава уште не примиле гол на свој терен. Статистиките најавуваат неефикасен меч, но минатата сезона, кога Севилја гостуваше во Виторија, средбата заврши 4-3 за Алавес. Алавес победи и во Севилја. Андалузијците во јануари 2021 последен пат го победија Алавес на негов терен.

Предлог тип: Х (3.10)

- Оглас -

Најнови вести