Торино ја „преплива“ Венеција и сега е лидер во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Торино ја остварија втората победа во новата сезона од Серија А совладувајќи ја Венеција на гости со 0-1. Со овој триумф тимот во моментот се наоѓа на првата позиција на табелата со седум освоени бода.

Вања Милинковиќ Савиќ успеа да ја сочува својата мрежа, а Торино стигна до триумф со голот на Саул Коко во 86-тата минута од мечот.

По три кола, Торино има две победи и едно реми, што јасно покажува дека одлична ја почна сезоната во италијанскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести