Торино моментно главен фудбалски град на Италија, Влаховиќ го однесе Јувентус на врвот (Видео)

Јувентус без проблеми победи на гостувањето кај Џенова со 3-0, во меч кој се играше без публика поради казната која ја заработи клубот од Џенова.

Душан Влаховиќ ги даде првите два гола, а точка стави Консеисао во 89-та минута.

После оваа победа, Јувентус со 12 бодови изби на чело на табелата во Серија А, а на втора позиција е неговиот градски ривал Торино со 11 бодови. Иако поминаа шест кола од оваа сезона, а Јуве уште нема примено гол и тоа е нов италијански рекорд.

Ова е голот на Влаховиќ за 2-0, после феноменалната асистенција на Копмајнерс:

 

 

- Оглас -

Најнови вести