Торино нека се пази: Златан е во составот на Милан!

Златан Ибрахимовиќ потполно закрепна од повредата на листот со која се здоби уште на 22 ноевмри во победата над Наполи. Шведскиот голгетер се враќа во составот на Милан порано од предвиденото бидејќи прогнозите велеа дека Ибрахимовиќ ќе може да игра дури во мечот против Калјари на 18 јануари.

Сепак, Златан уште еднаш покажа дека не е како останатите играчи по што рехабилитацијата ја заврши две недели порано и вечерва ќе биде може да настапи против Торино.

Исто така Хакан Чалханоглу ја надмина ситната повреда на глуждот, со која се здоби во дербито против Јувентус, но и тој му се стави на располагање на Стефано Пиоли.

https://twitter.com/acmilan/status/1347881597798928384

- Оглас -

Најнови вести