Торино со мајсторијата на Карамо кој ја „измеша“ одбраната на Болоња ги освои трите бода (Видео)

Фудбалерите на Торино ја совладаа Болоња со 1:0 во последниот натпревар од 25-то коло во Серија А.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Јан Карамо во 22-та минута од средбата по асистенцијата на Антонио Санабрија.

Карамо ја доби топката во противничкиот шеснаесетник и издрибла неколку играчи на Болоња пред да ја смести топката во мрежата.

Торино по победата се искачи на деветтото место со 32 бода, додека Болоња е осма со два бода повеќе.

Претходно, Сасуоло со 3:2 го совлада Кремонезе и тоа благодарение на голот на Бајрами во 93-та минута од средбата.

- Оглас -

Најнови вести