Навивачите на Јувентус нетрпеливо чекаат нивниот клуб да ги претстави ѕвездите Пол Погба и Анхел ди Марија. За еуфоријата да стане поголема, Бјанконерите веќе ги закажаа медицинските прегледи, по кои и официјално ќе бидат презентирани новите фудбалери во тимот на Макс Алегри.
Погба се враќа на добро познато место, каде што го покажа својот раскош. Со Французинот е постигнат договор на четири години во вредност од 8 милиони евра по сезона. Ди Марија пак одолговлекуваше чекајќи понуда од Барселона, сепак се реши да се проба во Серија А откако го прифати едногодишниот договор од Јувентус.
Во петок Ди Марија ќе пристигне во Торино за закажаните прегледи, Погба доаѓа еден ден подоцна, како што тврдат повеќе италијански медиуми.