Минесота ќе ги победи Кралевите во римеч, коефициентот за реприза е одличен

8413 Шарлот хорнетс – Чикаго булс (НБА, 01.30 часот)

Чикаго булс е машина за кошеви и една од најефикасните екипи во НБА-лигата. Потенцијалот на тимот е голем со двете ѕвезди Демар де Розан и Зак Лавињ, потоа тука е и Никола Вучевиќ и уште неколку одлични играчи.

Шарлот хорнетс сезонава игра многу подобро и како и Чикаго, има шанси за настап во плејофот.

Хорнетс можеа да имаат и подобар биланс, но постојано имаа проблеми со повреди на дел од кошаркарите и со ковид-19.

Ноќеска нема да игра Гордон Хејвард, што е хендикеп за тимот што има четири порази против Чикаго во серија.

Типуваме дека пак ќе загубат во ефикасен меч.

Предлог тип: 2&>236,5 поени (3,45)

 

8414 Оклахома сити тандер – Торонто репторс (НБА, 02 часот)

Торонто е во прекрасна серија од шест победи и има противник по мерка и за седмица.

Оклахома е втората најслаба екипа во Западната конференција, но, чудно и вистинито, ги нема загубено шансите за настап во плејофот.

Има 17 победи, само пет помалку од Њу Орлеанс на десеттото место, што последно води во плејфот.

Сепак, без првата ѕвезда Гилџиус Александер, кој веќе подолго време е повреден, шансите на Оклахома се значајно помали.

Торонто е на шестото место во Источната конференција и сака да биде во Топ-4 за да има предност да игра на домашен терен на стартот од плејофот.

Гостите имаат и подобар тим, подобра форма и ќе победат со предност и на полувремето.

Предлог тип: 2-2 (1,57)

 

8415 Портланд трејлблејзерс – Лос Анџелес лејкерс (НБА, 04 часот)

Портланд беше најактивен во мини-преодниот рок што трае до четврток, до 19 часот, а во тек е голема трансформација на клубот.

Си замина една од ѕвездите, Си-Џеј Меколум, а Портланд се ослободи и од Пауел и од Ковингтон.

Сега проблем е што поради размените, во трејд-блокот се сите кошаркари што пристигнаа во клубот, а повреден е и Демиен Лилард, па Леброн Џејмс и останатите гостински кошаркари имаат убава шанса да ја искористат ситуацијата кај домаќинот и да победат.

Предлог тип: 2 (1,37)

 

8416 Јута џез – Голден стејт вориорс (НБА, 04 часот)

Двете екипи што се при врвот во Западната конференција ноќеска ќе бидат хендикепирани.

Руди Гобер и Џо Инглс нема да играат за Јутал, а кај Воините ќе недостасува Клеј Томпсон, кој доби одмор, и плус и Дрејмонд Грин поради повреда.

Сепак, во двете екипи има офанзивен штоф за ефикасен меч, а тоа го ветуваат, пред сè, огромните квалитети на Донован Мичел кај Јута и на Стефон Кари кај Голден стејт.

Над 221 поен и не е превисока граница за две одлични и ефикасни екипи, па ќе типуваме плус поени.

Предлог тип: >221,5 поени (1,94)

 

8490 Сакраменто кингс – Минесота тимбервулфс (НБА, 04 часот)

Ова е римеч од ноќеска и двапати по ред во кус рок од околу 48 часа двете екипи пак ќе играат меѓу себе.

Минесота ноќеска беше убедлива и славеше со 134:114 и ја продолжи прекрасната серија од пет победи.

Сега пак е фаворит против Кингс, екипа што не може да смени нешто драстично за подвиг против разиграните гости.

Без Халибуртон и Хилд, кои си заминаа, а новите засилувања, пред сè Домантас Сабонис, не можат да играат и на овој меч, шансите на Сакраменто се минимални.

Минесота има одличен тим предводен од Таунс, Расел и Едвардс и пак ќе победи убедливо во меч со многу поени.

Предлог тип: 2&>233,5 поени (2,65)

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести