Торонто без Ленард удри по „езерџиите“, Букер е херојот на Феникс (видео)

Торонто репторс по првите 10 натпревари во новата сезона, има скор од 9-1, откако ноќеска беше подобар од ЛА лејкерс со 121:107 во „Стејплс центарот“. Канадската франшиза и без Кавај Ленард, но предводени од Ибака и Лаури, му го украдоа шоуто на Леброн Џејмс, кој имаше скромна вечер.

Кон победата направија голем исчекор уште во првата четвртина, Торонто за 12 минути постигна 42 поени, во однос на оние 17 на „езерџиите“, па во остакотот од средбата успешно ја сочуваа предноста. Ибака со дабл-дабл учинок беше најефикасен играч на гостите, со 34 поени и 10 скока, притоа шутираше 15/17 од игра. Лаури додаде 25 поени и 15 асистенции, додека кај поразените најрасположен беше Кајл Кузма со 24 поени, додека Леброн реализираше 18.

 

Девон Букер е херојот на Феникс кој го погоди шутот за победа со звукот на сирената против Мемфис гризлис, во победата од 102:100. Во неизвесната пресметка која се одигра во Аризона, Букер донесе победа за „сонцињата“ погодувајќи за водство во нивниот последен напад, не оставајќи простор на противникот да се обиде да извлече продолженија.

Првата ѕвезда на Феникс завшри со 25 поени и седум асистенции, додека за тимот на Мемфис, Шелвин Мек реализираше 21 поени.

Резултати НБА:

Милвоки бакс – Сакраменто кингс 144:109

Бруклин нетс – Филаделфија севентисиксерс 122:97

Вашингтон визардс – Њујорк никс 108:95

Сан Антонио спарс – Орландо меџик 110:117

Феникс санс – Мемфис гризлис 102:100

Портланд трејлблејзерс – Минесота тимбервулвс 111:81

Лос Анџелес лејкерс – Торонто репторс 107:121

- Оглас -

Најнови вести