Кошаркарите на Торонто ќе играат прво и историско финале во НБА лигата против актуелниот првак Голден стејт вориорс, откако ноќеска го победија Милвоки бакс со 100:94 и со вкупен резултат 4:2 се промовираа во победници на Источната конференција.
Четвртипат по ред Репторс успеаа да бидат подобри од големиот ривал и негативата од 0:2 да ја свртат во голем конечен триумф од 4:2.
https://twitter.com/NBA/status/1132511680754212865
Во текот на мечот Милвоки имаше контрола три четвртини, водеа најмногу со 15 поени, но крајот им беше катастрофален.
Се разиграа домаќините, направија серија од 17:2 и ја стопија предноста на Бакс. Лидер и најефикасен кошаркар повторно беше Кавај Ленард со 27 поени, 17 скока и 7 асистенции, а одличен меч одиграа и Паскал Сиакам со 18 и Кајл Лаури со 17 поени.
Јанис Адетокумбо со 21 поен и 11 скока беше прв стрелец кај елиминираниот состав на Милвоки, кој прокоцка голема предност и можност да се избори за мајсторка на свој терен.
https://twitter.com/NBA/status/1132514757158817792
Во финалето Торонто ќе има предност да ја игра евентуалната мајсторка, односно седми меч на домашен терен, а серијата ќе почне во петок, во 3 часот наутро.